,,Литературна работилница за креативно пишување''
Едукативно – интерактивна работилница
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје ја организираше во три предвидени термини литературната работилница за креативно пишување. Предавањата беа преку Zoom во 2 термини од по 45 минути (17 и 24 октомври 2020), а третиот термин беше индивидуална и менторска работа на учесниците кои пишуваа јапонски поетски и прозни форми.
Поради начинот на одржување преку Zoom, имаше голема посетеност на оваа работилница во која учество зедоа дури триесет и четири учесници од сите градови од Македонија.
Посетителите на Литературната работилница за креативно пишување научија практично да ги пишуваат кусите и стегнатите јапонски форми и ги извежбаа техниките на креативно пишување поезија и проза. Заинтереираните учесници пишуваа јапонски кодирани поетски жанри и кратки јапонски прозни жанри и ги испраќаа трудовите на емаил адресата на предавачот и менторот д-р Марина Мијаковска.
Предвидено е дел од поуспешните торби на учесниците да бидат објавени во некое македонско книжевно списание заради афирмација на учесниците.
Вести и настани
28.4.2025 04:33:11
22.1.2025 04:29:49
11.12.2024 04:49:42
27.11.2024 07:26:59
27.11.2024 07:22:21
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Monday, April 28, 2025 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje