Промоција на книгата „Лисиче“ од Едвард ван де Вендел
Промоција на сликовницата за деца „Лисиче“ од холандскиот писател Едвард ван де Вендел, со илустрации на Марије Толман.
Преводот на македонски јазик е на Билјана Црвенковска.
Промоцијата се одржа на зелениот покрив на Домот на културата „Кочо Рацин“, на 24-ти јуни 2021, во 19:00 часот.
Промоцијата се одвиваше во неколку фази: промовирање на книгата од страна на главната уредничка и отворање на промоцијата, читање на изјава од авторот Едвард ван де Вендел, читање на делови од сликовницата (од страна на малите учеснички – Ања и Ева Мицкоски), за да финишира со креативна работилница за деца – боење и цртање на цртежи инспирирани од сликовницата .
Кон „Лисиче“:
Лисичето сонува. Сонува за времето кога беше мало како јаболче.
За првиот пат кога излезе надвор од дувлото, со своите сестри и браќа.
Тоа ги сонува големиот елен и момчето.
И на крајот, сонува за она што се случи кога ги бркаше виолетовите пеперутки…
Вести и настани
22.1.2025 04:29:49
11.12.2024 04:49:42
27.11.2024 07:26:59
27.11.2024 07:22:21
30.9.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
16.2.2024
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunday, April 27, 2025 |
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје
JP SHTËPIA E KULTURËS “KOCO RACIN” SHKUP
PI House of Culture "Koco Racin" Skopje